ВОДИЧ ЗА ЕП: Распоред на натпревари, состави на репрезентации, арени, судии…

Европското првенство во Германија започнува на 10 јануари со натпреварот меѓу Македонија и Франција на „Меркур Шпил Арена“ во Диселдорф од 18:00 часот.

За сите скратени ростери на репрезентациите учеснички, распоредот на сите натпревари, официјалните лица, салите во кои ќе се игра овој континентален шампионат, ќе може да прочитате во продолжение…

ГРУПА А, 10-16.01.2024 (ДИСЕЛДОРФ, БЕРЛИН)

🇲🇰 МАКЕДОНИЈА 🇲🇰

Лазаров скрати список – 19 ракометари во конкуренција за настап на ЕП

🇩🇪 ГЕРМАНИЈА 🇩🇪

Гисласон отвори карти – еве ги 19 ракометари на Германија за ЕП

*Селекторот Алфред Гисласон остана без Мариан Михалчик, кој отпадна од комбинација поради повреда на мускулот, а најавено е дека нема да се повикува дополнително нов ракометар.

🇫🇷 ФРАНЦИЈА 🇫🇷

Жил скрати состав – со 20 ракометари на ЕП, отпаднаа Жерар, Конку и Гребиј!

🇨🇭 ШВАЈЦАРИЈА 🇨🇭

Швајцарија со 11 домашни ракометари и 9 „Германци“ против Македонија на ЕП

*Швајцарскиот селектор не може да смета на пивотот Самуел Ротлисбергер поради повреда, а од списокот отпаднаа и Зоран Марковиќ – среден бек на Кадетен и десното крило Гино Стинартс. Дополнителен повик имаше за пивотот од Сур Арау, Јоел Вилеке.

ГРУПА Б, 12-16.01.2024 (МАНХАЈМ)

🇭🇷 ХРВАТСКА 🇭🇷

Перковац направи рез – еве кои хрватски ракометари остануваат во конкуренција за ЕП

*По првата фаза од подготовките, Перковац им се заблагодари на левите бекови Марко Мамиќ и Матеј Хрстиќ, па сега остануваат уште 21 ракометар во комбинација.

🇪🇸 ШПАНИЈА 🇪🇸

Рибера ги отвори картите пред ЕП – смета на Душебаев, Кањелас, Македа…

*Во првиот рез на селекторот Жорди Рибера отпаднаа 18-годишниот бек Петар Цикуса, како и пивотот Хави Родригез.

🇷🇴 РОМАНИЈА 🇷🇴

Пасквал и Романија ја одработија првата фаза од подготовките, познат составот за ЕП

*Чави Пасквал смета на 24 ракометари на подготовките кои се во конкуренција за ЕП, а на тренинзите ги нема натурализираните Анте Кудуз и Хавиер Хумет, кои имаат повреди и малку е веројатно дека ќе заиграат на континенталниот собир.

🇦🇹 АВСТРИЈА 🇦🇹

Екс младински репрезентативец на Србија ќе игра за Австрија на ЕП

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИ (ГРУПИ А И Б)

ГРУПА Ц, 12-16.01.2024 (МИНХЕН)

🇮🇸 ИСЛАНД 🇮🇸

Исланд со Гисли Кристјансон и со 9 „Германци“ ќе ги започне подготовките за ЕП

🇭🇺 УНГАРИЈА 🇭🇺

По Миклер, Унгарија остана и без Секељ – познат конечниот список за ЕП

🇷🇸 СРБИЈА 🇷🇸 

Србија со двајца пелистерци и без ниту еден вардарец на ЕП

*Српскиот селектор Тони Херона упати дополнителен повик за вардарецот Матија Николиќ, а иако се на списокот и се наоѓаат на подготовки, неизвесни за настап се Марко Милосављевиќ и Предраг Вејин. Поради повредата на капитенот Илиќ, Херона го повика и вториот вардарец Марко Срдановиќ.

🇲🇪 ЦРНА ГОРА 🇲🇪

Борозан се враќа по шест години – познат списокот на Црна Гора за ЕП

ГРУПА Д, 11-15.01.2024 (БЕРЛИН)

🇳🇴 НОРВЕШКА 🇳🇴

Познат списокот на Норвешка за ЕП – Виле смета на Сагосен, Род, Рајнкинд…

*Селекторот Јонас Виле дополнително на тренинзите го повика искусниот десен бек Кристофер Рамбо.

🇸🇮 СЛОВЕНИЈА 🇸🇮

Зорман скрати список – Словенија со Цехте и Лесјак ги стартува подготовките за ЕП

*Од комбинација за настап на ЕП отпаднаа пивотот Стефан Жабиќ и десното крило Блаж Јанц, а селекторот Урош Зорман дополнително го повика пивотот Јернеј Дробеж.

🇫🇴 ФАРСКИ ОСТРОВИ 🇫🇴

Фарски Острови со еден ракометар од домашното првенство на ЕП

*Неизвесен за настап е една од двете ѕвезди на Фарски Острови – Оли Митун

🇵🇱 ПОЛСКА 🇵🇱

Познат составот на Полска – Шипжак, Сичко, Корнецки, Гебала…ќе играат на ЕП

*Овој состав на Лијевски може да биде скратен уште еднаш, а меѓу резервите се Морито, Валчак, Јастжебски…

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИ (ГРУПИ Ц И Д)

ГРУПА Е, 11-15.01.2024 (МАНХАЈМ)

🇸🇪 ШВЕДСКА 🇸🇪

Eвропскиот шампион „отвори“ карти – познат составот на Шведска за ЕП

🇧🇦 БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА 🇧🇦

Смајлагиќ го објави списокот: БиХ ќе има конкурентен тим на ЕП

🇬🇪 ГРУЗИЈА 🇬🇪

Грузија со еден „Македонец“ ќе дебитира на ЕП!

🇳🇱 ХОЛАНДИЈА 🇳🇱

Олсон го објави списокот за ЕП – има тројца дебитанти!

*Холандија на ЕП оди без една од ѕвездите – Каи Смитс, а селекторот Штафан Олсон дополнително повика двајца ракометари – десниот бек Исо Слујтерс и Нико Блоу.

ГРУПА Ф, 11-15.01.2024 (МИНХЕН)

🇵🇹 ПОРТУГАЛИЈА 🇵🇹

Португалија без тројца клучни ракометари на ЕП

*Од првиот список од 20 ракометари отпаднаа голманот Мигел Еспиња, средниот бек Руи Силва и пивотот Фабио Силва, па останаа 17 во комбинација за настап на ЕП.

🇩🇰 ДАНСКА 🇩🇰

Јакобсен ги откри адутите – Данска со 19 ракометари на ЕП

🇬🇷 ГРЦИЈА 🇬🇷

Познат составот на Грција за ЕП и за двата теста со Македонија

🇨🇿 ЧЕШКА 🇨🇿

Сабате отвори карти – Мрква најголем адут за ЕП!

*Пред пријателските средби со Унгарија, Сабате им се заблагодари на четворица ракометари, па во конкуренција останаа 20. Од списокот отпаднаа голманот Филип Херајт, левиот бек Мартин Брежина, десниот бек Јакуб Румиан, како и десното крило Денис Харабиш.

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИ (ГРУПИ Е И Ф)

ГЛАВНА РУНДА

ГРУПА 1, 18-24.01.2024 (КЕЛН)

ГРУПА 2, 17-23.01.2024 (ХАМБУРГ)

ФИНАЛЕН ВИКЕНД, 26-28.01.2024 (КЕЛН)

САЛИ

СУДИИ

🇲🇰 Славе Николов, Ѓорѓи Начевски
🇧🇦 Амар Коњичанин, Дино Коњичанин
🇨🇿 Вацлав Хорачек, Јири Новотни
🇩🇰 Мадс Хансен, Јеспер Мадсен
🇫🇷 Шарлот Бонавентура, Жули Бонавентура
🇫🇷 Карим Гасми, Рауф Гасми
🇩🇪 Мајке Мерц, Тања Кутлер
🇩🇪 Роберт Шулце, Тобијас Тониес
🇮🇸 Јонас Елијасон, Антон Палсон
🇱🇹 Ваидас Мажеика, Миндаугас Гателис
🇲🇩 Игор Ковалчук, Алексеј Ковалчук
🇲🇪 Иван Павичевиќ, Милош Ражнатовиќ
🇳🇴 Ларс Јорум, Хавард Клевен
🇵🇹 Даниел Мартинс, Роберто Мартинс
🇸🇮 Бојан Лах, Давид Сок
🇪🇸 Андреу Марин, Игнасио Гарсија
🇨🇭 Артур Брунер, Морад Салах
🇸🇪 Мирза Куртагиќ, Матијас Ветервик

РАСПОРЕД НА ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАРИ ПРЕД ЕП

Репрезентациите што ќе бидат дел од ЕП веќе ја темпираат формата со играње на пријателски натпревари.

Распоред на сите пријателски натпревари – еве кој против кого ќе „тестира“ пред ЕП

ХИМНА НА ЕП 2024

Промовирана химната – „Прослава“ ќе се пее на ЕП во Германија (ВИДЕО)

ПРЕНОСИ НА МТВ

МТВ ќе го пренесува Европското првенство

ОИ 2024, СП 2025

Финалистите на ова ЕП ќе обезбедат место на СП 2025, а освојувачот на златото ќе обезбеди место на ОИ 2024. Доколку шампионот има веќе виза за Париз, олимпискиот билет оди за вицепрвакот итн…18 селекции од 24 што играат на ЕП, меѓу кои и Македонија ќе бидат дел од вториот бараж за СП и заедно со четирите квалификанти (22 селекции, 11 бараж двојки) преку една пречка ќе можат да обезбедат место на следниот Мундијал.

Олеснет патот до нов Мундијал: Македонија ќе игра само еден бараж за СП 2025 година!