Кои се најплатени ракометари во светот: Колку заработуваат Лазаров, Хансен, Карабатиќ…(ФОТО)

На сите им е јасно дека ракометарите не можат да се „мерат“ со фудбалерите и кошаркарите по парите што ги заработуваат. Францускиот ПСЖ и германскиот Кил се  имаат „најшироко срце“ за своите играчи според податоците за платите во последната година.

Оваа листа на најплатени ракометари што ја објави „Sportekz“, сепак не е комплетна, со оглед на тоа што нема податоци за Сандер Сагосен, Расмус Лауге, Лука Циндриќ, Арон Палмарсон, Домагој Дувњак, Игор Карачиќ, Тимур Дибиров и уште неколку големи ѕвезди, а тие сигурно се меѓу најплатените.

И покрај тоа сигурно сакате да „ѕирнете“ кој од нив колку заработува за еден месец. Микел Хансен кога дојде во ПСЖ заработуваше 80.000 евра, а сега неговата месечна плата е повисока за 40.000 евра.

Неговиот соиграч од францускиот тим, Никола Карабатиќ заработува 100.000 евра месечно, а има бонус во платата доколку во некое од натпреварувањата каде што игра ПСЖ стане МВП или најдобар стрелец. Македонскиот репрезентативец Кире Лазаров, кој во моментов игра за францускиот Нант се наоѓа меѓу најплатените ракометари со месечна заработка од 30.000 евра.

Колку пари месечно заработуваат дел од најдобрите светски ракометари:

Микел Хансен (ПСЖ) – 120.000 евра
Никола Карабатиќ (ПСЖ) – 100.000 евра
Ханс Линдберг (Фуксе Берлин) – 100.000 евра
Лук Абало (ПСЖ) – 85.000 евра
Мишел Гигу (Ним) – 80.000 евра
Лука Карабатиќ (ПСЖ) – 75.000 евра
Никлас Ландин (Кил) – 65.000
Гудјон Валур Сигурдсон (ПСЖ) – 65.000 евра
Матијас Закариасен (Фуксе Берлин ) – 50.000 евра
Алеикс Гомез (Барселона) – 50.000 евра
Аитор Арињо (Барселона) – 50.000 евра
Раул Ентрериос (Барселона) – 50.000 евра
Фредрик Петерсен (Монпелје) -37.500 евра
Кирил Лазаров (Нант) – 30.000 евра
Ким Екдал ду Риц (ПСЖ) – 28.000 евра
Кристијан Бјорнсен (Вецлар) – 25.000 евра
Уве Генсхајмер (Рајн Некар) – 25.000 евра
Лукас Нилсон (Кил) – 25.000 евра
Андреас Паличка (Кил) – 20.000 евра
Никлас Екберг (Кил) – 15.000 евра