Жил скрати состав – со 20 ракометари на ЕП, отпаднаа Жерар, Конку и Гребиј!

Селекторот на машката сениорска репрезентација на Франција, Гијом Жил, го соопшти составот за настап на Европското првенство 2024, кое ќе се одржи во Германија.

Французите на континенталниот собир ќе настапат без искусниот голман Венсан Жерар, кој нема да биде во можност да им помогне на своите репрезентативни колеги поради повреда.

Членот на ПСЖ, левото крило Матеј Гребиј, како и ракометарот од полскиот шампон Келце, десното крило Беноа Конку, отпаднаа од финалниот список.

Франција на Европското првенство во јануари за ривал во рамки од групната фаза ја има и македонската репрезентација.

Освен со Македонија, избраниците на Жил ќе играат и против репрезентациите на Германија и Швајцарија.

Француската репрезентација на минатото ЕП заврши на 4. позиција, откако во натпреварот за бронзата загуби од Данска.