Со 17 гола Зечевиќ беше најдобриот стрелец на Ф4 турнирот од Купот на Македонија, и таа беше една од двете ракометарки од Спартак кои ги добија индивидуалните награди.
Во финалето Зечевиќ постигна 12 гола од 17 обиди, а во полуфиналето даде пет гола против Чаир. Ѓорче Петров победи во финалето со 33-30, иако во последните минути Спартак дојде до негатива од само еден гол.
„Имавме доста грешки, но се боревме цело време на натпреварот. Жалиме за тоа што не го освоивме Купот, и сега останува да бидеме фокусирани целосно на првенството, изјаваи Зечевиќ.
Ова беше прво финале за Спратак во Купот на Македонија.
View this post on Instagram






















