Љубовта ја крунисаа со веренички прстен: Анастасија Николовска му кажа „ДА“ на нејзиниот сакан

Левото крило на Спартак, Анастасија Николовска, вечно ќе памети овој летен одмор пред стартот на новата сезона во Супер женската лига.

Нејзиниот партнер, каратистот Виктор Крстевски, и приреди романтично запросување покрај плажа, а од Николовска доби „ДА“.

Николовска со години е меѓу најдобрите стрелци во елитното женско натпреварување во Македонија, а во моментов е дел од Спартак.

Парот ја објави убавата вест на социјалните мрежи и честитките веднаш започнаа да се редат.

Николовска пред да игра за Спартак, беше дел од Металург Автокоманда, Ѓорче Петров, Чаир, Пелистер и Вардар Јуниор. Ги мина сите младински репрезентативни селекции, а настапи и на сениорското ЕП 2022 во Македонија.