Екс младински репрезентативец на Србија ќе игра за Австрија на ЕП

Селекторот на австриската репрезентација Алеш Пајовиќ го соопшти конечниот список за настап на Европското првенство во Германија.

На списокот кај Пајовиќ партиципираат 17 ракометари, меѓу нив ѐ и Немања Белош, кој недамна доби австриски пасош.

Поранешниот јуниорски репрезентативец на Србија по првпат во својата кариера ќе има шанса да настапи на големо сениорско натпреварување.

Белош настапува на позицијата лев бек и од 2016 година настапува во австрискиот шампионат.

Пајовиќ за Европското првенство ќе може да смета на искусните ракометари како Себастијан Фримел, екс ракометарот на Металург, Јанко Божовиќ, десното крило Роберт Вебер…

Австрија во групната фаза за ривали ги има репрезентациите на Шпанија, Хрватска и Романија.

Најдобрите две репрезентации од секоја група ќе обезбедат пласман во следната фаза на континенталниот собир.