(ФОТО + ВИДЕО) Избегнат поголем инцидент – Кога ќе збеснат Лазаров и Тоскиќ има…

Тимот на Алкалоид и по вторпат загуби и тоа во последните минути од натпреварот на турнирот во Струга, овојпат од Целје (27-28), но играта и резултатот останаа во сенка на однесувањето на двата тренери, Кирил Лазаров и Алем Тоскиќ.

И двајцата добија црвени картони, второто полувреме ги водеа тимовите од трибините, и само поради интервенцијата на записничката маса беше спречен поголем инцидент и тоа пред очите на претседателот на РФМ , Живко Мукаетов и раководството на федерацијата поради недоличното однесување и двајцата тренери мораа да се преселат на трибините.

Се почна прво со разговор со судиите околу објаснување на некои ситуации, па продолжи со меѓусебни дофрлања, за да заврши со мешаница пред записничката маса.

Тоскиќ беше расположен за сочни зборови, од другата страна и клупата на Лазаров скокна, па брзо дојде до мешаница. Се поделија многу „тешки зборови“, се споменуваше кој од каде „јадел леб и колку години“, се спомнуваше цело семејство, зошто судиите немаат ист критериум за реакциите на клупите.

СТРУГА 2022: Дуел Лазаров – Тоскиќ

Среќа што беше пред крајот на првото полувреме и траеше кратко.

Во вториот дел двата тренери од тринбините делеа совети..