По комплетирањето на четвртфиналните средби на Азиското кадетско првенство во Јордан, познати се четирите селекции што ќе играат во полуфиналето и кои се пласираа на Мундијалот за кадети наредната година.
Можни ривали на Македонија, која со освоеното 9 место на ЕП во Србија обезбеди билет за Светското првенство, стануваат селекциите на Јужна Кореја, Бахреин, Иран и Катар.
Од претходно покрај Македонија, на СП за кадети место обезбедија Германија, Австрија, Хрватска, Данска, Франција, Унгарија, Исланд, Израел, Полска, Португалија, Србија, Словенија, Шпанија и Шведска.
Допрва ќе бидат познати патниците од Африка, Северна Америка и Кариби, Средна и Јужна Америка, Австралија, дополнително ќе биде познат домаќинот на Мундијалот, а две места се резервирани за вајлд-карта од ИХФ и победникот на ИХФ трофеј.

























