Олсон го објави списокот за ЕП – има тројца дебитанти!

Селекторот на машката сениорска репрезентација на Холандија, Стефан Олсон, го објави конечниот список за настап на Европското првенство 2024.

Холанѓаните на континенталниот собир во Германија ќе бидат ослабени поради отсуството на Кај Смитс.

Како што е познато, десниот бек ќе паузира одреден временски период бидејќи има „поблаго воспаление на срцевиот мускул“, односно миокардитис.

Најголемиот адут на Олсон на Европското првенство ќе биде средниот бек од ПСЖ, Лук Стеинс, но и идниот член на „светците“ Дани Бајенс.

На списокот кај Олсон има четворица дебитанти, тоа се – Кај Геенен, Томас Хаутепен и Тим Класенс.

Холандија во текот на подготвителниот период ќе тестира со Египет, Норвешка и Данска.

Ривали на „лалињата“ во рамки од групната фаза на Европското првенство се актуелниот бранител на титулата, репрезентацијата на Шведска, потоа БиХ, како и дебитантот Грузија.

ШОК за Холандија пред ЕП – Смитс мора на пауза!