Тимот на Пролет полека го формира ростерот за претстојната натпреварувачка сезона во прволигашката конкуренција.
Ново име во составот на Пролет ќе биде левиот бек Јован Соколоски, кој доаѓа од редовите на Прилеп.
18-годишниот Соколоски, кој ги мина младинските категории на Прилеп, а беше дел и од првиот тим, покрај левата бековска, може да ја покрие подеднакво добро и средната бековска позиција.
Пролет поради финансиски проблеми претстојната сезона наместо во елитната, ќе ја игра во прволигашката конкуренција.
























