По Миклер, Унгарија остана и без Секељ – познат конечниот список за ЕП

Селекторот на Унгарија, Чема Родригез, го објави конечниот список од 20 ракометари што ќе ги бранат боите на Европското првенство во Германија.

Шпанскиот стратег по Роланд Миклер, со кој беше договорено да го пропушти ова ЕП, од списокот го изостави и искусниот Мартон Секељ.

Голманот на Татабања отпадна од списокот, па голот на Унгарија ќе го бранат Ласло Бартуч, Кристоф Паласич и Адам Биро.

На средната бековска позиција отпадна и Адам Јухас, додека поради приватни причини ова ЕП ќе го пропушти десното крило Педро Родригез.

Унгарија е во тешка група со селекциите на Исланд, Србија и Црна Гора, а пред ЕП ќе бидат одиграни две пријателски средби против Чешка.