Eвропскиот шампион „отвори“ карти – познат составот на Шведска за ЕП

Селекторот на Шведска, Глен Солберг, го објави скратениот список на ракометари што ќе бидат дел од претстојното Европско првенство.

Европскиот шампион на континенталниот собир патува без пензионираниот Никлас Екберг, како и без голманот-ветеран Микаел Апелгрен.

Повратник во националниот тим на Шведска е кружниот напаѓач на Веспрем, Андреас Нилсон кој не играше на претходното ЕП во Унгарија и Словачка.

На скратениот список ги нема крилата Јери Толбринг и Валтер Кринц, потоа бековите Лукас Нилсон, Линус Персон, Густав Давидсон…но тука се Јим Готрфисон, Феликс Клар, Лукас Сандел…

Шведска ќе одигра две пријателски средби против селекцијата на Јапонија како загревање за ЕП.

Европскиот првак е во група со Босна и Херцеговина, Холандија и Грузија, па нема да има тешка задача да обезбеди место во главната рунда.