Познат составот на Полска – Шипжак, Сичко, Корнецки, Гебала…ќе играат на ЕП

Селекторот на Полска, Марцин Лијевски, објави скратен список за стартот на подготовките за претстојното Европско првенство во Германија.

Лијевски на списокот има 20 ракометари, а меѓу нив ги нема повредениот Аркадиуш Морито, кој се уште не е 100% фит за настап, потоа екс вардарецот Патрик Валчак, како ниту голманот од Висла Плоцк, Марсел Јастжебски, кој брани во одлична форма.

На списокот на Лијевски се Камил Шипжак, Симон Сичко, Мачеј Гебала, голманите Матеуш Корнецки и Адам Моравски…

Ги нема дефанзивецот Томаш Гебала од Келце и левото крило Пжемислав Крајевски, кои најавија крај на репрзентативната кариера по СП 2023 година.

Полска веќе одигра две контроли со Аргентина кои ги доби, а на почетокот на јануари ќе игра против Шпанија, Србија и Словачка.

Полјаците се во тешка група на ЕП и ќе играат против Словенија, Норвешка и Фарски Острови.