Перковац направи рез – еве кои хрватски ракометари остануваат во конкуренција за ЕП

Селекторот на Хрватска, Горан Перковац, одбра 23 ракометари за втората фаза на подготовките за Европското првенство во Германија.

Меѓу нив ќе бидат поранешните ракометари на Еурофарм Пелистер, Томислав Кушан и Матео Мараш, како и екс вардарците Игор Карачиќ и Лука Циндриќ.

Пред настапот на континенталниот собир, Хрватите ќе бидат дел од „Кроација Куп“ и ќе тестираат против Црна Гора и Словенија од 4 до 6 јануари.

На Европското првенство Перковац веројатно ќе носи 20 ракометари, а Хрватска е во група со Шпанија, Австрија и Романија.