Македонскиот репрезентативец Мартин Томовски како ја заврши минатата сезона, така ја почна и новата во Германија.
На камбекот во Бундес лигата, предводен од Томовски, неговиот тим Битигхјам оствари гостинска победа кај Вецлар со 35-33.
Македонскиот чувар на мрежата беше меѓу најдобрите на теренот и најзаслужните за двата бода на повратникот во елитната конкуренција.
Томовски запиша 15 одбрани со 31% на успешност на одбранети удари, а во нападот Ларсон имаше девет гола, а пет пати погоди Херман.

























