Рибера ги отвори картите пред ЕП – смета на Душебаев, Кањелас, Македа…

Селекторот на машката сениорска репрезентација на Шпанија, Жорди Рибера, го објави скратениот список пред настапот на Европското првенство 2024, кое ќе се одржи во Германија.

На скратениот список на Рибера се наоѓаат 20 ракометари, меѓу нив и тројцата екс членови на Вардар, Алекс Душебарв, Жоан Кањелас и Хорхе Македа.

Шпанската репрезентација подготовките ќе ги започне на 26 декември, потоа на почетокот на месец јануари во Гранољерс ќе одигра три пријателски средби.

Составот на Рибера пред Европското првенство ќе тестира со репрезентациите на Словачка, Полска и Србија.

Шпанија на минатото ЕП заврши на трето место, откако во борбата за бронзениот медал ја совлада Франција.

Ривали на Шпанија во групната фаза на Европското првенство се Австрија, Хрватска и Романија.