МТВ ќе го пренесува Европското првенство

Натпреварите од претстојното Европско првенство во Германија, љубителите на ракометот ќе може да ги следат со преноси на Македонската телевизија.

Покрај натпреварите на Македонија и оние од групата на нашата селекција, МТВ ќе пренесува и други двобои.

Во деновите кога избраниците на Кире Лазаров ќе бидат слободни, според планот на МТВ ќе може да се гледаат натпреварите од другите групи.

Термините за натпреварите од групната фаза се 18:00 и 20:30, додека во главната рунда покрај овие два термини, ќе има натпревари и од 15:30 часот.

Македонија е во тешка група и ќе игра против велесилите Франција и Германија, како и против Швајцарија.