Сезоната 2026/27 ќе биде последна за Тео Монар во дресот на полскиот првак Келце. Според информациите на полскиот портал „wKielcach.info“, францускиот пикер веќе постигнал договор со Фуксе Берлин и од следното лето ќе ја продолжи кариерата во Бундес лигата.
Монар пристигна во Келце во летото 2024 година како дел од размената со Нант. Во спротивна насока замина Николас Турна, додека во полскиот клуб покрај Монар пристигна и искусниот десен бек Македа.
25-годишниот пикер под водство на Талант Душебаев направи голем напредок, особено во дефанзивата. Монар ја дели позицијата со Артем Каралек, а во новата сезона се очекува да има значајна улога во тимот на Кшиштоф Лијевски.
Иако Келце уште пред неколку месеци започна разговори за продолжување на соработката, Монар бил насочен кон трансфер во Бундес лигата. Французинот сака да се проба во најсилната лига во светот, но и да ги зголеми шансите за место во репрезентацијата на Франција.
Монар од летото 2027 година ќе го менува искусниот пикер Мијajло Марсениќ, кој ќе го заврши престојот во главниот германски град.

























