Маџовска: Сакаме со победа да го завршиме квалификацискиот циклус

Женската сениорска репрезентација на Македонија по пауза од 12 години успеа преку квалификации да обезбеди пласман на едно големо натпреварување.

Македонија во Баку со победата над Азербејџан од 37-22 го завери пласманот на Европското првенство 2024, кое ќе се одржува во Унгарија, Швајцарија и Австрија.

Една од поискусните во редовите на Македонија, Симона Маџовска, ја коментираше победата против Азербејџан и се надева на победничко затворање на квалификацискиот циклус.

,,Сите бевме свесни и знаевме колку е важен овој натпревар за сите нас. Отворивме според договореното, па следеше мал пад, но брзо го надминавме. Шанса и поддршка добија сите девојки. Среќни сме што после 12 години го остваривме овој успех преку квалификации. Во недела нѐ чека уште еден натпревар каде што сакаме со победа да го завршиме циклусот и да си го потврдиме пласманот на европското првенство”, изјави Маџовска.

Македонија на 7 април во Скопје ќе го одигра последниот квалификациски натпревар, а ривал ќе биде репрезентацијата на Литванија.

Грчевски: Се надевам дека со добра ждрепка можеме најмалку да ја поминеме групата на ЕП

 

Младеновска: Пласманот на ЕП е голем успех!

 

Македонија во елитно друштво – им се придружи на Норвешка, Данска, Шведска, Холандија…

 

Дамите по пауза од 12 години изборија пласман на големо натпреварување

 

Македонија се пласира на ЕП!

Македонија