Францускиот Нант ќе биде без левиот бек Ромен Лагард на гостувањето кај Вардар во Скопје, во натпреварот од Лигата на шампионите кој е закажан за 16 септември.
Причината е тешката семејна трагедија со која се соочија Лагард и неговото семејство по смртта на неговиот син. Нант денеска официјално објави дека клубот застанува целосно зад својот ракометар и неговите најблиски во овој тежок период.
Од францускиот клуб не откриваат дополнителни детали, почитувајќи ја приватноста на семејството, но јасно е дека Лагард нема да биде во составот на Нант за претстојниот европски дуел во Скопје.
Отсуството на Лагард ќе биде дополнителен хендикеп за францускиот тим пред гостувањето во Скопје, но во овој момент спортот е во втор план. На средбата со Висла Плоцк не бранеше ниту Иван Пешиќ, но нема информации дали ќе дојде во Скопје.
Вардар и Нант ќе се соочат во среда, 16 септември, во Скопје, во второто коло од Лигата на шампионите. Во првата рунда Вардар загуби кај Мелсунген со 33-31, а Нант славеше против Висла Плоцк со 26-25.
























