Требаше да биде меч во кој Спартак полесно ќе стигне до бодовите, но тренерот Симе Симовски имаше „многу што“ да им каже на своите ракометарки на полувреме, пред да почнат „вистински“ да играат и со пресврт да освојат битни бодови. На крај Спартак триумфираше со 31-28
Вардарки на полувреме имаа предност од 15-12, што беше шок за противникот. По израмнетиот почеток и резултатот 9-9, Вардар заигра подобро и со серија погодоци поведе со 15-10. Спартак до крајот на полувремето намали два гола од негативата.
Домашниот тим фуриозно го започна вториот дел, израмни на 16-16, а потоа направи целосен пресврт. Спартак од 17-17 стигна до 21-17, а највисоката предност ја имаше при 25-18 и 26-19.
Вардар не се предаде и со три последователни погодоци намали на 26-22, по што клупата на Спартак побара тајм-аут. Во самата завршница при резултат 30-27 за Спартак,. вардарки одбранија пенал, но во напад не реализираа на 90 секунди до крај. Тука беше крајот на сите надежи.
Најефикасна кај домашниот тим беше Анастасија Николовска со 11 гола, додека Сара Цветановска постигна осум. Кај Вардар се издвојува Леона Миленкоска и Ивана Трифуновска, и двете со по 9 гола
▶▶▶ Приклучи се на VIBER – https://abit.ly/viber-24rakomet
Добивај директно РАКОМЕТНИ ВЕСТИ на твојот мобилен телефон 📲.
Со еден клик до сите вести. 🤾
























