Трагедија ја потресе БиХ: Прегазен 16-годишен ракометар!

Трагична вест го потресе ракометниот свет во Босна и Херцеговина. 16-годишниот Марко Грабавац, млад и талентиран ракометар на Извиѓач од Љубушки, го загуби животот во сообраќајна несреќа.

Несреќата се случила додека младото момче со велосипед патувало кон училиште. Во неа учествувале Грабавац и возач на автомобил, кој по полицискиот увид бил приведен.

На местото на несреќата пристигнала екипа на итната медицинска помош и веднаш започнала со реанимација на 16-годишникот. За жал, обидите да му биде спасен животот биле неуспешни.

Веста особено тешко ја прими неговиот матичен клуб Извиѓач, каде што Грабавац важел за голем ракометен талент и бил дел од клупската академија.

Од клубот се простија со емотивна порака.

„Тешко е да се најдат зборови со кои би се искажала болката поради заминувањето на еден толку млад живот. Беше дел од нас, наш пријател, соиграч, насмевка и надеж. Твојата ведрина и љубовта кон ракометот засекогаш ќе останат во нашите срца.“

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Izviđač Agram (@rk_izvidjac)