Куманово дуелот со Вардар го играше во својата „мала сала“, и малкумина кумановци може да го видат во живо шампионот, кој играше „колку што требаше“ за да триумфира на гостински терен. Конечните 32-30 се доволни за двата планирани бода за Вардар.
Го имаа домашните ракометари расположениот Наум Костов кој даде 15 гола, но недоволно да му се спротистави на противникот. „Црвено-црните“ ги немаа во тимот Валах, Лазаревски, Педро, Воркапиќ и Мохамед, но и без нив држеа темпо што домашните не можеа да го следат.
Домаќинот беше рамноправен во почетниот период и во 14. минута се доближи на 8-9. Следуваше одлична серија од 5-0 на Вардар, со која „црвено-црните“ се одлепија на 14-8 и првпат создадоа посериозна предност.
Куманово со два последователни погодоци намали на 10-14, по што клупата на Вардар побара тајм-аут. Скопскиот тим повторно ја презеде контролата, а со серијата голови во завршницата поведе и со највисоки седум разлика, 20-13.
Во вториот дел скопјани имаа водство и од „плус 8“, но тука застанаа. Почна Чупиќ да комбинира, да им дава шанса и на Ѓорчески, Нечески, Поповски, Фадуил, па предност се намали и на четири гола. Иако кумановци намалија, не изгледаа доволно силни да направат пресврт, ниту пак да ги казнат промашувањата на вардарци.
Но, драма сепак имаше на крај. во последните 120 секунди Вардар имаше само два гола негатива, и промашен напад со кој можеа се да решат. Куманово доби мотив да направи пресврт и успеаја да намалат на 30-31. Во последната минута Урош Митровиќ од крило даде гол со кој го реши мечот, за победа 32-30.
Кај домашните Наум Костов имаше 15 гола, а Кареем Мохамед пет гола. Во тимот на Вардар по 6 гола додоа Тузолама и Фадуил.
▶▶▶ Приклучи се на VIBER – https://abit.ly/viber-24rakomet
Добивај директно РАКОМЕТНИ ВЕСТИ на твојот мобилен телефон 📲.
Со еден клик до сите вести. 🤾

























