Сестрите Попови и Димова дадоа 20 гола – Гевгелија Југ запиша први бодови

Новиот прволигашки тим кај дамите, Гевгелија Југ, со победа ја отвори новата сезона, откако славеше против Шампион со 31-16.

Избраничките на Перо Минев уште по првиот дел го решија прашањето околу победникот кога водеа со 16-7.

Второто полувреме не донесе никакви резултатски промени и домаќинките рутински ја довршија започнатата работа.

Сестрите Јасмина и Нина Попови, кои ова лето го заменија дресот на Вардар со оној на Гевгелија Југ дадоа осум, односно пет гола, додека уште седум додаде Елена Димова.

Во составот на Шампион, Маријана Буразер беше најпрецизна со пет гола.