Митков не знае за доста, распали и по лидерот во Австрија

Некогашниот македонски репрезентативец Влатко Митков одигра уште една одлична партија во дресот на Брегенц во австрискиот шампионат.

Брегенц на домашен терен се избори за реми, 28-28, против фаворизираниот тим и лидер на табелата Фиверс Маргаретен.

Десниот бек беше најдобар стрелец во својата екипа и успеа да погоди осум пати во гостинскиот гол. Брегенц сега има 14 бодови и се наоѓа на шесто место на табелата.