📷 Тиквеш останува да биде „фактор“ во првенството

Пролет – Тиквеш

Грешки, исклучувања, променлива игра - се се заборава кога се победува. Така е и со Тиквеш, чии ракометари остануваат со триумф, 26-23 се враќаа од Скопје, од дуелот со Пролет, и кавадарчани продолжуваат да бидат „фактор“ во домашното првенство и да се борат за место што ќе води во европските купови. Во Скопје се играше променливо, со осцилации, промени во резултатот, а на крај „челични живци“ имаа гостите кои погодија кога требаше, и се одбранија како што се договорија. Сега останува да замешаат прсти во разделбата на бодовите, па повторно да се испробаат во Европа. Долго е првенството, ама патот е трасиран.