Текстилец не дозволи изненадување – Кичево падна во Штип

Ракометарите на Текстилец остварија тешка победа над Кичево со 35-32, во натпревар од прволигашкиот плеј-аут.

Гостите пружија силен отпор во првото полувреме во повеќе наврати и водеа со еден или два гола, но на пауза штипјани заминаа со предност, 19-18.

На стартот на вториот дел се играше исто така израмнето, но штипјани ја имаа контролата. Кичево израмни на 23-23, но потоа Текстилец поведе со 25-23 и до крајот водството на домаќините се движеше од еден до три гола..

Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Филип Џинес со 11 погодоци и Милисав Петров со осум гола, додека кај Кичево се истакна Стефан Стефаноски со 11.

Во следната рунда Кичево игра дома со Овче Поле, додека Текстилец ќе гостува кај Преспа Вардар.