Бутел со одличен втор дел ја доби градската пресметка со Пролет

Екипата на Бутел Скопје дојде до втората победа во суперлигашкиот плеј-оф, откако пред својата публика славеше над Пролет со 23:17. Бутелци до трите бодови дојдоа со одличната игра во второто полувреме, од старот на вториот дел до 45 минута имаа примено само еден гол во својата мрежа.

Избраниците на Горан Кузманоски влегоа мотивирано во градската пресметка и уште во раната фаза дојдоа до солина предност. По нерешените 1:1, следуваше период, во кој што домаќините знаеа како да одиграат и да дојдат до реализација, па така тимот на Бутел по десет минути игра имаше предност од 4:1.

Разликата од два-три гола беше константна до 25 минута, во еден момент Бутел дојде до плус четири, 8:4, но во последните пет минути од првиот дел гостите најавија камбек. Ритамот на игра кај домашниот тим падна, тимот на Пролет ја подобри реализацијата и на пауза замина со негатива од еден гол, 10:9.

Резултатот од првиот дел навестуваше дека ќе гледаме интересно второ полувреме. Домаќините со поставената одбрана 6-0 не дозволуваа премногу простор за гостинскиот тим, искористија дел од грешките на ривалот и во 35 минута дојдоа до 13:10, пет минути подоцна имаа предност од 15:10.

Кризата во таборот на гостите продолжи, домаќините иако не играа на ниво, сепак, во 45 минута се одлепија на плус шест, 17:10. Составот на Јовиќ од 31 минута, па до 46 минута беа без реализација и веќе беше јасно дека домаќините ќе ги освојат бодовите.

Најефикасни во победничката екипа беа Филип Николов и Димитар Ѓеоргиевски со по пет погодоци. Кај Пролет прв стрелец, исто така со пет реализации, беше Доне Мајнов.

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР12110135
2ВАРДАР 196112100233
3АЛКАЛОИД1280427
4ОХРИД1280426
5ТИКВЕШ 20141260619
6БУТЕЛ1230910
7ПРОЛЕТ1220106
8СТРУГА1200120