Македонците делат цепелини во Австрија – атракција на Митков и Костески (ВИДЕО)

Македонците Влатко Митков и Никола Костески изведоа атрактивен цепелин во победата на Холабрун против Тулн во Австрија со 25:18.

Во атрактивниот цепелин асистенцијата беше на Митков, а Костески ја смести топката во мрежата. Костески беше и најефикасен на натпреварот со осум постигнати голови.