Магдебург го бара Вулф, ама ќе треба да го „одврзе ќесето“

Германскиот Магдебург е заинтересиран во своите редови да го види голманот на Келце, Андреас Вулф.

Според пишувањата на „Билд“, раководството на европскиот првак во Вулф гледа замена за суспендираниот Никола Портнер.

Вулф има договор со Келце до 2028 година, но понудата за враќање во татковината, сигурно ќе ја разгледува.

Сепак за да ги добие услугите на Вулф, Магдебург ќе треба да го „одврзе ќесето“ и да му плати оштета, а сигурно и Келце има свои адути за да го задржи Вулф во Полска.