🎥Лазаревски: Мораме да се подобриме во многу сегменти

Ракометарите на Вардар во рамки од првото коло од плеј-оф фазата беа поразени на гостувањето во Битола од актуелниот шампион Еурофарм Пелистер. Вардарци иако добро се држеа во првиот дел, сепак, поради кратката ротација потфрлија во вторите 30 минути, во кои домаќините одиграа на посакуваното ниво. Членот на Вардар, Милан Лазаревски, за 24Ракомет ТВ го анализираше поразот од битолскиот тим. Кружниот напаѓач вели дека заедно со неговите колеги ќе мора да се подобрат во иднина и да го дадат максимумот на секој нареден дуел. Целосната изјава на Лазаревски погледнете ја во видео прилогот...