Тасески: Добро отворивме, но потоа многу грешевме

Екипата на Охрид во натпревар од 10. коло од плеј-оф фазата од Супер лигата беше поразена пред својата публика од актуелниот бранител на титулата, тимот на Еурофарм Пелистер, со 29:22.

Охриѓани беа рaмноправен противник до 20 минута, потоа се мина во знакот на битолчани, кои константно беа во солидна предност и во вториот дел осетно ја зголемија разлика.

Капитенот на Охрид, Иван Тасески, го коментираше поразот од битолскиот тим и најави дека неговиот тим до последното коло ќе се бори за место во ТОП 3.

,,Го отворивме добро натпреварот, играмве гол за гол, потоа од наша страна следуваа многу технички грешки, гостите тогаш направија разлика и ја одржуваа до крајот. Имаше одлична атмосфера во салата и благодарност до сите навивачи за поддршката. Секој натпревар сега е важен, на секој натпревар одиме на победа, сега ни претстои натпреварот со Алкалоид и се надевам дека ќе бидеме во ТОП 3 екипи и дека ќе играме во Европа”, изјави Тасески.

Охрид во следното коло ќе гостува во Автокоманда кај вицепрвакот, потоа следуваат трите оследните дуели со Пролет, Вардар и Тиквеш.

📸„Рибари“ и „Чкембари“ приредија атмосфера за десетка – во Битола „мириса“ на титула

 

 

Кузмановски „капитенски“ го водеше Еурофарм Пелистер до триумф во Охрид