📷Прилеп „граби“ кон ракометната елита – победува сѐ пред себе

Прилеп – Вардар Неготино

Ракометарите на Прилеп во натпревар од 6. коло во битката за опстанок во македонската елита триумфираа над Вардар Неготино со 27:22 и се зацврстија на првата позиција на табелата. Прилепчани откако не успеаја да ја реализираат целта во првиот дел од сезоната, сега играат одлично во плеј-аут фазата, имаат биланс од пет победи и едно реми. Победата над Вардар Неготино за Прилеп беше трет домашен триумф, а доколку составот на Мојсов продолжи во ист ритам на наредните дуели, тогаш прилепчани и во наредната сезона ќе гледаат суперлигашки ракомет.