🎥Карабатиќ: Атмосферата во салата беше фантастична

Екипата на ПСЖ славеше во Битола кај македонскиот шампион Еурофарм Пелистер со 31:25 во натпреварот од 11 коло во Лигата на шампионите. На теренот во спортската сала „Боро Чурлевски“ настапи и репрезентативец на Франција, Никола Карабатиќ. Легендарниот ракометар, кој за првпат заигра во Битола имаше позитивни комплименти за домашната публика и за 24Ракомет ги сподели импресиите по победата на македонскиот шампион. Целосната изјава на Карабатиќ погледнете ја во видео прилогот...