Костески и Митков со 13 гола, Холабрун не издржа против лидерот Леобен

Тимот на Холабрун, каде што настапуваат македонските интернационалци Никола Костески и Влатко Митков, загуби од лидерот во Втората лига на Австрија.

Холабрун беше поразен со гол разлика, 26-27 на домашен терен, а на полувреме имаше негатива од два гола, 11-13.

Македонскиот двоец постигна вкупно 13 погодоци. Костески беше најдобар поединец со девет гола, додека Митков даде четири гола, од кои еден од пенал.

Холабрун сега е на третото место на табелата со 18 бодови, само два помалку од второпласираниот Корнебург и шест од Леобен, кој води со 24 бода.