Кузмановски „капитенски“ го водеше Еурофарм Пелистер до триумф во Охрид

Капитенот Филип Кузмановски со 10 гола, и голманот Калифа Гедбане со 10 одбрани беа главните виновници за триумфот на Еурофарм Пелистер од 29-22 (14-11) против Охрид. Актуелниот македонски шампион Еурофарм Пелистер не дозволува изненадувања и чекори напред кон одбрана на титулата. Со овој триумф битолчани пак се лидери на табелата и имаат два бода предност во однос на Вардар.

Победничката песна на Еурофарм Пелистер почна после 15-те минути од натпреварот. Дотогаш натпреварот беше изедначен, а потоа целата иницијатва ја преземаа гостите од Битола.

За двата тима мечот имаше големо значење, но битолчани не смееја да дозволат кикс, бидејќи тоа ќе значеше дека ќе ми ја предадат лидерската позиција на Вардар, а за охриѓани бодовите беа потребни за осигурување на што повисоко место меѓу екипите од врвот, но и вклучување во борбата за титулата.

Првите 15- минути беа израмнети, апотоа гостите направија серија од 5-0 со која зголемија на 12-8. Тоа беше период во кој Еурофарм Пелистер ги искористи своите шанси, и направи разлика за помирен тек на натпреварот. Во 13 минута Охрид преку Јукиќ и Сафранко израмни на 7-7, па и поведе со 8-7. Имаа домаќините и шанса да отидат на „плус 2“ ама не ја искористија таа прилика.
Потоа се вклучи битолската машина и набрзина си направи убава предност до крај на првото полувреме.

Само што почна вториот дел Еурофарм Пелистер ја имаше топката во свој посед и ја искористи таа акција со која зголеми на 15-11. Но, во следниот напад пивотменот Василев ја искористи својата шанса и првпат битолчани ги имаа највисоките дотогаш „плус 5“ за 16-11 во 32 минута. Истата предност гостите ја имаа и во 35 минута по вторпат.

Го имаа гостите од Битола расположениот голман Калифа Гедбан кој за десет минути во вториот дел имаше шест успешни одбрани, а во тој период Еурофарм Пелистер веќе направи предност од 19-13 во 40 минута. На девет минути до крај на средбата преку Богдан Радивојевиќ првпат ја „раситни“ десетката и Еурофарм Пелистер имаше предност од 26-16. Веќе немаше ниту време, ниту пак на терен делуваше дека нешто може да се смени.

Во тимот на Еурофарм Пелистер капитенот Филип Кузмановски постигна 10 гола, а шест даде Богдан Радивојевиќ. Кај домашните шестгола постигна Гал Цирар, а четири гола даде Темо Орјоникидзе.

ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР12110135
2ВАРДАР 196112100233
3АЛКАЛОИД1280427
4ОХРИД1280426
5ТИКВЕШ 20141260619
6БУТЕЛ1230910
7ПРОЛЕТ1220106
8СТРУГА1200120

До крај на првенството Еурофарм Пелистер ќе гостува кај Пролет и кај Струга, а ќе биде домаќин на Тиквеш и на Алкалоид. Охрид пак ќе игра против Алкалоид, Пролет, Вардар и со Тиквеш.