📸„Рибари“ и „Чкембари“ приредија атмосфера за десетка – во Битола „мириса“ на титула

Актуелниот шампион Еурофарм Пелистер го преживеа едно од тешките гостувања оваа пролет и славеше во СРЦ „Билјанини Извори“.

Капитенот Филип Кузмановски со 10 гола, и голманот Калифа Гедбане со 10 одбрани беа главните виновници за триумфот на пелистерци од 29-22 (14-11) против Охрид.

Домашните навивачи „Рибари“ и гостинските „Чкембари“ приредија атмосфера за десетка во која сигурно уживаа актерите на теренот.

Избраниците на Бранко Ангеловски не си дозволуваат изненадувања и чекорат напред кон одбрана на титулата.

Со овој триумф битолчани пак се лидери на табелата и имаат два бода предност во однос на Вардар на четири кола до крајот на плеј-офот.

Еурофарм Пелистер ќе игра на гости кај Пролет и Струга, а дома ќе ги пречека Тиквеш и Алкалоид.