Грчевски: Се надевам дека со добра ждрепка можеме најмалку да ја поминеме групата на ЕП

Женската сениорска репрезентација на Македонија по пауза од 12 години успеа преку квалификации да обезбеди пласман на едно големо натпреварување.

Македонија во Баку со победата над Азербејџан од 37-22 го завери пласманот на Европското првенство 2024, кое ќе се одржува во Унгарија, Швајцарија и Австрија.

Селекторот на Македонија, Кристијан Грчевски, ги сподели првите импресии по обезбедениот пласман на ЕП и се надева дека неговите избранички ќе имаат среќа во ждрепката.

,,Многу важна победа за нас, со неа заверивме пласман на Европското првенство. Отворивме добро, имавме мал пад, но го пребродивме, сепак бевме под притисок. Девојките одиграа како што треба, тоа што се договоривме го исполнија. Им честитам на ракометарките за играта и за борбеноста, сериозно го сфатија мечот против Азербејџан, иако како противник е послаб, сите знаеме што значи ако некого потцениш. Се потрудивме сите во составот да добијат минутажа, а истовремено да заштедиме сили за Литванија. Иако оваа средба не е важна резултатски од аспект за пласман на Европското првенство, сепак би сакале да извојуваме победа на домашен терен, триумфално и во позитивна атмосфера да го затвориме овој циклус. Се надевам дека со добра ждрепка на Европското првенство можеме најмалку да ја поминеме групата, па потоа ќе размислуваме за понатаму“, изјави Грчевски.

Македонија на 7 април во Скопје ќе го одигра последниот квалификациски натпревар, а ривал ќе биде репрезентацијата на Литванија.

 

Младеновска: Пласманот на ЕП е голем успех!

 

Македонија во елитно друштво – им се придружи на Норвешка, Данска, Шведска, Холандија…

 

Дамите по пауза од 12 години изборија пласман на големо натпреварување

 

Македонија се пласира на ЕП!