ЕХФ не попушти: Хрватската федерација ќе плати 10.000 евра, казна и за Мандиќ!

Апелацискиот суд на ЕХФ делумно ја измени одлуката на Ракометниот Суд при ЕХФ во случајот поврзан со Хрватската ракометна федерација и репрезентативецот Матеј Мандиќ.

Случајот се однесува на медал-церемонијата по завршувањето на машкото ЕП 2026, кога Мандиќ истакна знаме кое не било опфатено со протоколот за знамиња на ЕХФ, поради што не било дозволено според важечките регулативи и процедурите за медал-церемонијата.

Апелацискиот суд ја одби жалбата на Хрватската ракометна федерација и ја потврди казната од 10.000 евра, од кои 2.500 евра се условни во следните две години.

Од друга страна, Судот дополнително му изрече казна од 2.500 евра на Матеј Мандиќ поради прекршување на официјалниот протокол на медал-церемонијата и Протоколот за знамиња на ЕХФ.

Тој истакнал знаме што не е државно на церемонијата на доделувањето на медали, па ќе мора да плати казна.