Германскиот лев бек Кристијан Дисингер, кој стана европски шампион со Вардар во 2019 година, најде клуб каде што ќе игра во новата сезона.
Некогашниот член на Вардар потпиша за тимот на Казма од Кувајт и се враќа во Азија, откако го носеше дресот на катарскиот Ал Духаил.
Овој 34-годишен лев бек во последниве години играше за низа клубови низ Европа и светот. По заминувањето од Кил, настапуваше за Вардар, Динамо Букурешт, споменатиот Ал Духаил, унгарскиот ПЛЕР Будимпешта, па Татабања и ЃЕр.
Македонскиот зет со Вардар покрај титулата во Лигата на шампионите, oсвои и две шампионски титули во домашното првенство, еден трофеј во Купот на Македонија, како и една титула во регионалната СЕХА лига.

























