ЕХФ го потврди распоредот на Еурофарм Пелистер во Лигата на Европа – има една промена

Еурофарм Пелистер ќе игра против германскиот Гумерсбах, шпанската Ла Риоха и полскиот Вибжеже Гдањск во групната фаза од Лигата на Европа.

Европската ракометна федерација ги потврди термините за сите шест средби, кои ќе стартуваат на 30 септември.

Македонскиот состав ќе ја започне сезоната на домашен терен против Ла Риоха, а потоа следува гостување во Полска.

Од оној првичен распоред, има ротација на последните две кола, па на 24 ноември наместо гостинска средба кај Ла Риоха, ќе играат дома со Вибжеже, а средбата во Шпанија ќе биде на програмата на 1 декември.

Распоред на натпревари:

1 коло, 30 септември, 20:45, Еурофарм Пелистер – Ла Риоха
2 коло, 6 октомври, 18:45, Вибжеже Гдањск – Еурофарм Пелистер
3 коло, 13 октомври, 18:45, Гумерсбах – Еурофарм Пелистер
4 коло, 17 ноември, 20:45, Еурофарм Пелистер – Гумерсбах
5 коло, 24 ноември, 18:45, Еурофарм Пелистер – Вибжеже Гдањск
6 коло, 1 декември, 20:45, Ла Риоха – Еурфарм Пелистер