Македонскиот интернационалец Марко Мишевски дебитираше за новиот клуб од Хрватска, Сисак.
Сисак славеше во контролниот натпревар со словенечкиот прволигаш Кршко со убедливи осум голови разлика, 31-23.
Македонскиот среден бек постигна еден гол на овој натпревар, а во новиот клуб ќе има познато друштво.
Во Сисак во новата сезона ќе играат и некогашниот кружен напаѓач на Вардар, Словенецот Домен Сикошек Пелко, како и екс средниот бек на Пелистер и Охрид, Марко Кобетиќ.
Во овој клуб настапуваат и поранешните членови на Татран Прешов, Бруно Буторац и Марио Цвитковиќ,

























