ПРЕД ЧЕТИРИ ГОДИНИ: Вардар вторпат се качи на европскиот врв! (ВИДЕО)

Ракометарите на Вардар денеска слават четири години откако по вторпат станаа европски шампиони. Во финалето на завршниот турнир во Келн го победија Веспрем со 27:24.

На денешен ден, пред четири години во „Ланксес Арена“, „црвено-црните“ беа тие што се радуваа и го продолжија кошмарот на Веспрем, кој уште сонува за европска титула.

Момците на Роберто Парондо, иако исцрпени од претходниот ден и тешката битка со Барселона, сепак се надминаа себе и триумфираа над уште еден гигант.

Погледнете го уште еднаш историскиот натпревар меѓу Вардар и Веспрем.