Најдобриот стрелец во Бундес лигата пред трансфер во Рајн Некар

Германските медиуми пренесуваат дека моментално најдобриот стрелец во Бундес лигата, левиот бек Мануел Зендер, би можел да се пресели во редовите на Рајн Некар.

24-годишниот ракометар го носи дресот на Ајзенах и во тековната сезона игра на одлично ниво, на 28 одиграни натпревари во најквалитетната лига на светот има постигнато 224 погодоци.

Швајцарскиот репрезентативец во Рајн Некар би бил замена за Јури Кнор, кој се наоѓа пред трансфер во данскиот тим Алборг.

Зендер во текот на 2022 година од Швајцарија се пресели во Бундес лигата, направи трансфер во Ерланген, но потоа беше испратен на позајмица во Ајзенах.

Алборг во Кнор ја гледа замената за Микел Хансен