Со Вардар се искачи на европскиот врв во 2019, сега има нов клуб

Рускиот репрезентативен десен бек Дмитри Киселев во новата сезона ќе има нов предизвик во кариерата.

Тој ќе се врати во составот на Зенит од Санкт Петербург, каде што играше пред да се пресели во Вардар.

Во „црвено-црниот“ тим играше една сезона во 2018/19 и ја освои титулата во Лигата на шампионите.

По заминувањето од Вардар, играше две сезони во Чеховски Медведи, потоа играше за ЦСКА Москва каде што на 67 меча постигна 386 погодоци.

Иако имаше актуелен договор со рускиот првак ЦСКА, сепак Зенит ја плати откупната клаузула и го донесе Киселев во своите редови.

Таму ќе ги замени нигерскиот репрезентативец Ани Обина, кој ќе се пресели во Македонија и ќе го засили тимот на Тиквеш.