Норвешка без Магнус Род на Олимпијада!

Селекцијата на Норвешка ќе биде значително ослабена на претстојните Олимписките игри во Франција.

Десниот бек Магнус Род се уште се рехабилитира од повредата на стапалото кое му беше скршено, и не настапува за шампионот Колстад.

Род го информирал селекторот Јонас Виле дека нема да биде дел од националниот тим во обид да биде подготвен за новата сезона и настапите за ПИК Сегед, неговата нова екипа.

Виле на десната бековска позиција ги има Еивинд Танген од данскиот Скјерн, како Кент Робин Тонесен од францускиот ПСЖ.