НА ДЕНЕШЕН ДЕН: Натпревар за аналите – кога Вардар за првпат во историјата ја победи Барселона! (ВИДЕО)

На денешен ден пред три години, 3 јуни 2017 година, Вардар за првпат одигра натпревар од завршниот турнир во Лигата на шампионите.

Македонскиот тим по голема борба славеше над Барса со голот на Лука Циндриќ во последните секунди за 26-25 и пласман во големото финале.

Ова беше прва историска победа за Вардар против Барселона, откако претходно ги имаше загубено девет меѓусебни дуели и имаше само едно реми.

Ривал на вардарци во мечот за трофејот беше францускиот ПСЖ.