Драчево со гол од пенал ги освои бодовите против Младост Богданци

Ракометарите на Драчево на свој терен успеаја да го совладаат Младост Богданци со 28:27 (15:11) во натпревар од 8. коло од прволигашкиот плеј-оф.

Голот за победа на домаќините беше дело на Димитар Петковски, кој од пенал во последните секунди донесе голема радост за домашниот табор.

Драчево сега се вклучи во за втората позиција на табелата, дојде до 14 бодови, додека Младост Богданци останува на 18 бодови.

Избраниците на Велимир Настевски во најголемиот дел од дуелот беа во предност, но гостите во финишот направија камбек и беа во игра за победа.

Во последните десет минути се играше гол за гол, двете екипи водеа голема борба, но на крај поголема среќа имаа домаќините.

Најефикасни во победничката екипа со по пет погодоци беа Филип Дабевски и Ѓорѓи Дука, додека кај поразениот тим Никола Роглев постигна осум погодоци, седум додаде Илија Чрчев.