Хрватска првпат во историјата не успеа да победи на домашен квалификациски меч!

Машката сениорска репрезентација на Хрватска за првпат во историјата не успеа да победи на домашен квалификациски натпревар, откако во вчерашниот дуел против Холандија одигра нерешено, 25:25.

Хрватите на сите квалификациски натпревари кои ги играле на домашен терен, секогаш победувале против своите ривали.

Сепак, избраниците на Горан Перковац не успеаја да ја продолжат победничката серија од квалификациите на домашен терен, бидејќи против себе имаа силен ривал во името на Холандија.

Репрезентацијата на Хрватска во квалификациите за пласман на Европското првенство 2024, кое ќе се одржи во Германија, освен Холандија, за ривали ги имаат и селекциите на Белгија и Грција.

Токму против овие две селекции беа остварени првите победи во квалификациите за континенталниот собир следната година.

Ракометарите на Перковац кон крајот на април ќе ги одиграат реванш дуелите против Белгија и Грција и исходот од овие два дуели ќе одлучат на која позиција ќе заврши Хрватска во својата група.

Хрватска практично обезбеди настап на Европското првенство во Германија, но ќе се бори за подобар пласман во групата, со цел да добие полесни ривали на ЕП.