МВП НА 9. КОЛО ОД ПЛЕЈ-ОФ/АУТ ВО СУПЕР ЛИГАТА – ДЕНИС ШАБАНОВИЌ (ПРИЛЕП)

Ракометарот на Прилеп, Денис Шабановиќ, го доби признанието за најкорисен играч, односно МВП на 9. коло од суперлигашкиот плеј-оф/аут.

Десното крило од Црна Гора игра одлично во вториот дел од сезоната и од натпревар во натпревар ги покажува своите квалитети презентирајќи се како еден од најдобрите крилни играчи во елитата.

Шабановиќ во претходното коло на дуелот против Голден Арт со седум погодоци го водеше Прилеп до важна победа во битката за опстанок.

На гласањето Шабановиќ освои околу 40%, додека негов главен конкурент беше левиот бек на Куманово, Огњен Радојичиќ, кој имаше 37% од гласовите на читателите на 24Ракомет.

Номинирани за МВП на 9. коло од плеј-оф и плеј-аут фазата беа уште Александар Мицев, Никола Јукиќ, Жарко Пешевски, Петар Бугариновиќ и Марко Срдановиќ.